Петтипат сезонава, одбојкарите на Струмица Никоб го совладаа ГОК Борец и поведоа со 1:0 во серијата до три победи од финалето во македонскиот машки одбојкарски шампионат. Во салата “Парк” Струмица, бранителите на ланската лигашка титула и освојувачи на годинашниот куп, ги совладаа велешани со 3:0 (25:19, 25:19, 25:21).
Содржината продолжува под рекламата
Одбојкарите на ГОК Борец кои изненадија со одличната форма до полуфиналето, се чини немаа решение за добрата игра на Струмица Никоб во сите три сета. Ако се суди според текот на дуелот, домашните прилично комотно го решија секој од трите сета во своја полза.
Содржината продолжува под рекламата
Следниот натпревар од финалната серија ќе се одигра во Велес во недела со почеток од од 18 и 30.
Можеби ќе ве интересира: