Реклама

Украинскиот национален долг се зголеми на речиси 80 отсто од БДП

Ukraina

Економскиот пад поврзан со војната и новите заеми предизвикаа националниот долг на Украина да се зголеми на речиси 80 отсто од економското производство минатата година.

Zito akcija 640x289px

Поточно, државниот долг, како и долгот загарантиран од државата, се зголемија од 48,9 отсто во предвоената 2021 година на 78,5 отсто, соопшти денеска Министерството за финансии во Киев, пренесува ДПА.

Agria

Директниот државен долг дома и во странство само се зголеми од 86,6 милијарди долари на 101,6 милијарди долари.

Меѓутоа, во исто време, украинската економија претрпе огромен пад по целосната руска инвазија која почна минатата година.

Економското производство на нападнатата источноевропска земја сега е проценето од страна на министерството на еквивалент на околу 161 милијарда долари за цела 2022 година, што е приближно споредливо, на пример, само со германскиот град Хамбург.

Во Европската унија, според таканаречените критериуми од Мастрихт, прагот на јавниот долг е 60 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Украина речиси 14 месеци се брани од руската инвазија со огромна помош од Западот.

Вклучувајќи го и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во првичната инвазија во 2014 година, речиси 20 проценти од украинската територија во моментов е окупирана од руските трупи.

Можеби ќе ве интересира: