Најбогатите Руси станаа „потешки“ за 152 милијарди долари

Evra i Dolari
Evra i Dolari

Руските богаташи го зголемија своето богатство за 152 милијарди долари во текот на минатата година, благодарение, меѓу другото, и на високите цени на природните ресурси, објавено е во изданието на магазинот Форбс за Русија.

Zito akcija 640x289px

Според последните официјални податоци, Русија има 110 милијардери, што е за 22 повеќе од една година порано, пренесува Ројтерс.

Agria

Нивното вкупно богатство се зголеми од 353 милијарди долари на 505 милијарди долари.

Списокот на милијардери би бил уште подолг доколку неколку богати не се откажале од руското државјанство.

На рејтингот на богатите влијаеле и апокалиптичните прогнози поврзани со руската економија, наведува Форбс, додавајќи дека во 2021 година, пред почетокот на војната во Украина, вкупното богатство на милијардерите во Русија изнесувало 606 милијарди долари.

Руската економија се намали за 2,1 отсто под притисок на западните санкции, но таа беше во можност да продава нафта, метали и други природни ресурси на глобалните пазари, особено во Кина, Индија и на Блискиот Исток.

Новите имиња на руските богаташи на листата на Форбс вклучуваат милијардери кои своето богатство го стекнале преку производство на хемикалии, фармацевтски производи, грицки, како и градежната индустрија, што покажува дека побарувачката на рускиот пазар останува силна и покрај санкциите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: