Времето денеска сончево, попладне можен е дожд

veles soncev den centar

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во Велес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37951/najbogatite-rusi-stanaa-poteshki-za-152-milijardi-dolari/