Фудбалерите на Превалец продолжија со одличните резултати во Третата фудбалска лига – Југ. Во рамки на 19 коло на Третата фудбалска лига – Југ тие го совладаа составот на Обршани со 0:3.
Содржината продолжува под рекламата
Филип Драскачев погоди уште во 9. минута од натпреварот за 0:1. Неизвесноста за трите бодови траеше дури до 80. минута кога Сашко Кочов погоди за 0:2, а Живко Ѓоргиевски во 89. за конечни 0:3.
Содржината продолжува под рекламата
На три кола пред кројот од првенството екипата на Превалец се наоѓа на четвртата позиција со 35 бода. Во следното коло во недела на домашен терен го пречекуваат составот на Питу Гули од Крушево, кој се наоѓа на втората позиција на табелата.
Можеби ќе ве интересира: