Фудбалерите на Борец 45 минути одолеваа на нападите на домаќините, а потоа во судиското продолжение примија гол кој го навести новиот висок пораз во првенството. Во Струга домаќинот Караорман втор пат сезонава го совлада Борец со 4:0.
Содржината продолжува под рекламата
Ермин Анруши, Марио Дебрешлиоски, Ивица Ќелешоски и Ерион Узеири беа стрелци за стружани во посакуваниот триумф.
Содржината продолжува под рекламата
Борец со само два освоени бода, на пет кола пред краојот на првенството се наоѓа последната позиција на табелата и со сигурност во наредната сезона ќе се натпреварува во Трата лига. Во среда во Велес гостува екипата на Локомотива која грчевито се бори да ги избегне местата кои водат во понизок ранг на натпреварување.
Можеби ќе ве интересира: