Обновено детското катче пред Здравствениот дом во Велес

Детското катче кај велешкиот Здравствен дом е целосно реконструирано со нови елементи и содржини, а просторот е уреден со клупи. Реконструкцијата е извршена со донација од Евангелската црква во Велес и граѓанската организација Линк Акрос Македонија, информира за МИА Нино Николов директор на ЈЗУ Здравствен дом – Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Наместо поранешните лулки, новиот забавен парк за деца има дрвена кула со четири мини платформи, внатрешни клупи во самата кула, ѕид со елементи за „алпинистичко“ качување, шипка за „пожарникарски“ спуст и лизгалка. Просторот во околината е уреден со тампон за детска игра, а има и клупи за седење на возрасните кои ќе ги чекаат децата додека си играат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Пасторот Филип Иванов од Евангелската црква им порача на децата да го користат овој забавен парк за радосни игри, но и да го чува за повторно да му се навраќаат со нови радости.

Во изјавата за МИА, директорот на велешкиот Здравствен дом, Николов најави дека годинава од буџетот на оваа јавна здравствена установа се планира да се реновираа првиот кат на Центарот за јавно здравје, каде се сместени лабораторија, детска забна амбуланта за превентивна заштита и неколку лекарски ординации.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38009/vremeto-deneska-vrnezhlivo-i-posvezho/