Младите ракометари на Бисинов имаат можност да ја одбранат титулата на државен првак во пионерска конкуренција. Со освојување на второто место во групата „Г“ со скор од девет победи и само три порази обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.
Содржината продолжува под рекламата
Противник на велешани ќе биде составот на Голден Арт кој со девет победи и едно реми го освои првото место во групата „А“. Останатите четврфинални двојки се Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс, Аеродром – Охрид и Куманово – Скопје.
Содржината продолжува под рекламата
Четвртфиналните двобои ќе се одиграат викендов. Победниците од овие четвртфинални средби ќе се пласираат на завршниот турнир што е на програмата на 6 или 7 мај.
Можеби ќе ве интересира: