Реклама

Одбележани 120 години од саможртвата на гемиџиите

Со положување цвеќе пред споменикот  „Гемиџии“ кај Мало Мовче на левата страна од Велес, делегација од Општина Велес денеска  ја одбележа 120-годишнината од саможртвата на велешките херои – гемиџиите и се поклони на нивниот херојски подвиг. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На свечената академија која се одржа во Народниот музеј Велес, говореше Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, а свое обраќање на тема „По стапките на Гемиџиите – пред 120 години и денес“ имаше проф. д-р Ѓорѓи Малковски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На крајот од април 1903 во Солун, кружок на млади македонски интелектуалци кои се нарекле гемиџии, поголемиот дел од нив од Велес, со серија акции во кои самите тие биле жртви, сакале да го свртат вниманието на големите европски сили кон Македонија поробена од Турците.

По 120 години од солунските атентати, Велес и велешани со длабока почит се сеќаваат на храбрите подвизи на: Јордан Поп Јорданов-Орцето, Димитар Мечев-Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, како и на нивните соборци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38068/foto-brako-sozdava-uspeshni-prikazni-nikola-markoski-direktorot-za-razvoj-vo-brako/