Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Содржината продолжува под рекламата
Од 29.4.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,00 (денар/литар), Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,50 (денари/литар), Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 71,00 (денар/литар), Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар), „Мазут М-1 НС“ – 41,437 (денар/килограм).
Можеби ќе ве интересира: