Коста Кецмановиќ (14) сам се јавил во полиција и кажал дека пукал во повеќе лица, изјави денес Веселин Милиќ, началник на полицијата во Белград додавајќи дека 14 годишникот го земал оружјето на неговиот татко и со себе донел 4 молотови коктели.
„Имал список. Скицата изгледа како од видео игра или од хорор филм што укажува на тоа дека детално планирал како да влезе и во која училница кое дете да го убие“, вели Милиќ.
„Неми сме пред оваа трагедија. На 3.5 во 8:42 се јави НН лице кое се претстави како К.К. и рече дека пукал во повеќе луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“. Во пукањето се убиени 8 ученици, 7 девојчиња и едно момче. По доаѓањето на полициајта во училиштето убиецот е уапсен. Долго време го планирал настанот. Го избрал денешниот датум бидејќи училницата по историја била близу до излезот од училиштето. Во ранецот имал четири молотови коктели.
„Сум бил на илјадници истраги, ова е невидено во српското општество. Според досега собраните податоци, детето долго време го планирало настанот. Ги зел пиштолите од станот на татко му, со себе носел и молотови коктели. Прво пукал во обезбедувањето, а потоа во дежурната ученичка. По злосторството повикал полиција.
“Таткото на 14 годишниот Коста Кецмановиќ е уапсен, двата пиштоли имале дозвола. Тој тврди дека биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно момчето ја знаело шифрата, изјави министерот Гашиќ.
Седмооделенецот имал и три полни рамки со по 15 куршуми.
Можеби ќе ве интересира: