Велешките улици ќе се чистат со возила од компанијата Брако

vozila na Brako ke vozat po veleskite ulici
vozila na Brako ke vozat po veleskite ulici

Општина Велес набави две електрични возила произведени од БРАКО за одржување хигиена на градските улици.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив. Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на БРАКО, Грин Машинс, ќе придонесува за почист Велес. Возилата кои ги произведуваме се со највисок квалитет, најповолна цена, и со најбрз обезбеден сервис и делови“, велат од БРАКО.

Содржината продолжува под рекламата

Agria
vozila na Brako ke vozat po veleskite ulici

Електричниот модел од серијата 400 е целосно развиен од тимот на инженери во БРАКО,  а во него е вграден најмодерниот систем кој максимално ги намалува штетни честички и прашина при чистење на коловозите и пешачките патеки. Овој модел на возило БРАКО го продава во над 50 земји од светот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: