Реклама

Од 8 до 20 мај затворање на пругата од Велес до Гевгелија

Voz na stanica

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради ремонт ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како што информира ЈП ЖРСМ Инфраструктура, во овие денови од месецот, возот број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно во 18:20 часот. На 14 мај, недела, возот 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возен ред.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Поради изведување градежни работи при реализација на ремонт (промена на свртници) од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Велес – Гевгелија, во крст Кукуричани (свртница бр.1 и свртница бр. 4) и во станица Криволак (свртница бр. 1а, свртница бр.1 и свртница бр. 5), поради специфичноста на работите се одобрува затворање на пруга со исклучување на напонот во возниот вод во време од 9:30 до 19:00 часот, во деновите од 8 до 20 мај, вклучувајќи ја и сабота“, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38264/czrna-gora-ke-proglasi-den-na-zhalost-poradi-tragichnite-nastani-vo-srbija/