Постојат шест типа исклучителни и надарени деца

deca i roditeli
deca i roditeli

Повеќето родители се способни да одгледаат среќно, здраво и емотивно стабилно дете. Но, многумина се борат на патот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во две децении искуство и работа, детскиот психолог Шефали Сабари запознал и работел со многу родители и деца. Како што вели, во тоа време открила дека кога родителите не го усогласиле правилно својот пристап кон детето со неговиот темперамент и уникатен карактер, тогаш ја изгубиле можноста да го видат и ценат детето такво какво што е.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Постојат шест типа на исклучителни и надарени деца. Вашето дете може да припаѓа на еден од нив или може да биде мешавина од сите видови. Но, ако се потрудите да го запознаете подобро, тоа ќе ја зајакне вашата врска и ќе ви помогне подобро да се разберете.

Анксиозен истражувач

Анксиозните истражувачи често се ситничари и лесно се иритираат од најмалите работи.

Нивната убавина е во тоа што се многу чувствителни. Но, тоа значи и дека ја апсорбираат вознемиреноста што ги опкружува. И што ќе прават со сето тоа? Па, ќе експлодираат!

Совет: Бидете приземни и цврсти, но смирени. Ако почнете да реагирате со лутина или вознемиреност, тоа може да биде поттик за вистинско емотивно цунами кај вашето дете.

Пофалете го за неговата способност да ја препознае и разбере нивната околина, но научете го да поставува граници каде што е потребно. „Кога ќе се изнервираш, затвори ги очите и повтори си: Добро сум, безбеден сум, ќе бидам добро“.

Хиперактивен истражувач

Ова дете нема мир и никогаш нема да го најдете таму каде што сте го оставиле.

Овие деца честопати се етикетирани како непослушни од родителите и наставниците бидејќи можат да бидат исклучително активни, и психички и физички. Но, нивната супермоќ лежи во тоа што се многу љубопитни и посветени.

Совет: Хиперактивните истражувачи имаат силна потреба да не ги засрамите поради нивниот немирен дух, туку да го сакате и почитувате тој дел од нив.

Дете кое се обидува да им угоди на сите

Овие деца се како путер – меки и лесни за моделирање и обликување. И тие се совршен подарок за родителите кои имаат силна потреба за контрола.

Тие се вклопуваат, преземаат задолженија низ куќата, добиваат петки и пофалби. Но, бидеј

Совет: Научете ги како сами да си поставуваат граници и како да бараат од другите луѓе да ги почитуваат. Потсетете ги дека нивните потреби се на прво место.

Помогнете им да се чувствуваат безбедно во сопствената кожа и да ги препознаат нивните силни страни.

Бунтовник

Ова се деца со многу силна волја. Нема да соработуваат доколку не се уверат дека резултатот од таа соработка е нешто што го сакаат и прифаќаат, и имаат самодоверба која ги прави бестрашни пред лицето на авторитетот.

Совет: Овие деца треба да чувствуваат дека ја почитувате нивната решителност.

Олабавете ја контролата и намалете го расудувањето.

Среќни

Секогаш добро расположени, овие деца не се ниту особено напорни ниту мали команданти. Нивниот единствен недостаток е тоа што понекогаш знаат да бидат премногу опуштени и е тешко да ги мотивирате. Како резултат на тоа, родителите често гледаат недостиг на амбиција кај нив.

Совет: Она што родителите треба да го разберат е дека децата кои припаѓаат на оваа група знаат подобро од кој било друг како да живеат во сегашноста.

Пофалете го неговиот позитивен став кон светот.

Извор на веста: deca.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: