По одлуката на Светската здравствена организација (СЗО) која минатата недела прогласи крај на пандемијата на коронавирусот, Комисијата за заразни болести денеска донесе одлука да достави препорака до Министерството за здравство, Владата и Кризниот штаб да бидат укинати сите задолжителни мерки за заштита од Ковид-19 и да се направи транзиција од едно пандемиско ниво на вирусот во обична заразна болест.
Содржината продолжува под рекламата
„По последниот сосатанок и во Светската здравствена организација, на кој Советот за итности препорача укинување на итната состојба за ковид-19, нашата Комисија ги разгледа тие препораки и донесе одлука за препорака до МЗ и до Владата, да се укинат сите задолжителни мерки и да направиме транзиција, односно да го третираме ковидот како вообичаена заразна болест“, соопшти денеска во изјава за медиумите д-р Злате Мехмедовиќ.
Содржината продолжува под рекламата
Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот. Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на коронавирусот.
Во Велес и велешко, заедно со Чашка и Градско, починаа 346 лица од последиците на ковид заразата.
Можеби ќе ве интересира: