Реклама

(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) Како беше пронајден гробот на Панко Брашнаров

Шеесет години траеше мистеријата околу тоа каде е закопан велешкиот револуционер Панко Брашнаров, кој почина на Голи Оток на 13 јули 1951 година. Брашнаров е запишан во историјата на Македонија како човекот кој го отворил Првото заседани на АСНОМ, одржано на 2 Август 1944 година во манастриот Прохор Пчински. Учествувал во Балканските војни, а потоа и во Првата и Втората светска војна. По убедување бил и левичар, но и десничар, односно учесствувал во рабоптата на Социјалистичките организации во Велес. но бил и член на ВМРО. По објавувањето на Резолуцијата на Информбирото против раководството на КПЈ во јуни 1948 година, Брашнаров недвосмислено застанува на страната на СССР и Сталин во спорот.

Zito akcija 640x289px

Брашнаров е уапсен на 11 декември 1950 година и на 29 јуни 1951 е осуден на „општествено полезна работа во траење од 24 месеци.“ Во првите денови од јули е испратен во логорот на Голи Оток, каде што набрзо, на 13 јули, умира.

Agria
296122_10150404511979924_348773395_n
Местото каде што во заедничка гробница е закопан Панко Брашнаров

60 години не се знаеше каде се погребани неговите посмртни останки. Во септември 2011 година, новинарска екипа на емисијата КОД, составена од новинарите Владимир Тевчев и Александар Кукулев и снимателот Данчо Стефков успеа да го пронајде гробот на Панко Брашнаров. Закопан е на градските гробишта Мирогој во Загреб. Неговите посмртни остатоци доживеале две есхумации. Во 1953, две години по неговата смрт на Голи оток, тој е погребан на загребските гробишта. Во 1971 година е есхумиран во заедничка гробница, во близина на првото гробно место, а во почетокот на осумдесеттите, неговите коски, заедно со коските на уште неколкумина негови современици се преместени на необележана гробна парцела, на крајот на гробиштата.

По објавувањето на телевизиската сторија, државата најави враќање на посмртните остатоци на Панко Брашнаров во Македонија. Сепак и девет години по пронаоѓањето на гробот, нема ниту иницијативна за неговото враќање во родниот Велес. Во продолжение, погледнете како изгледаше пронаоѓањето на гробот на Панко Брашнаров.