113 милиони евра приход во 2022 година остварија компаниите во сопственост на Кочо Анѓушев коишто се во групацијата Фероинвест/Централинвест, во која припаѓаат и фирмите БРАКО и РЕС. Наведениот приход претставува раст од дури 135% споредено со 2021 година.
Содржината продолжува под рекламата
Растот на компаниите се должи, пред се, на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, зголемениот број на изградени сопствени електрани од обновливи извори (фотонапонски и биогас), изградба на електрани за други инвеститори, како и на снабдувањето со електрична енергија на македонското стопанство.
Содржината продолжува под рекламата
И покрај отежнатите услови за работа и економската криза, групацијата во 2022 година отвори 42 нови работни места и вложи 28 милиони евра во инвестиции.
Покрај во изградба на електрани, инвестиции беа направени и во проширување на фабриките и модернизирање на технологијата во склоп на БРАКО, каде се произведуваат возила, медицинска опрема, жичени производи и метални конструкции.
Холдингот лани го зголеми и бројот на држави каде што извезува и во моментот ги продава своите производи во 60 земји низ светот, успешно натпреварувајќи се со конкуренција од најпознатите светски брендови.
Можеби ќе ве интересира: