Младите кошаркари на Борец Баскет не успеаја да се пласираат во финалето на М12 кошаркарскиот фанал фор откако во полуфиналниот дуел беа совладани од составот на Струмица со резултат 36:22.
Содржината продолжува под рекламата
Младите струмички кошаркари имаа постојано водство. Од почетните (12:6), во првиот период, до оние (19:9) кои ги имаа на полувремето, и кои ги зголемија во оној последен период. Велешани беа подобри само во третата четвртина која ја добија со минимални (6-4).
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај велешани беше Милованов со десет поени. За младите велешки кошаркари останува борбата за третата позиција која ќе се одигра денес со почеток од 17 часот против екипата ан Куманово.
Можеби ќе ве интересира: