Интер со уште една победа, овојпат од 1-0 го победи градскиот ривал Милан и со вкупни 3-0 се пласира во финалето од Лигата на шампионите каде ќе го чека победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Содржината продолжува под рекламата
Милан не успеа да ја анулира негативата од првиот меч, Интер одигра подобро и на вториот натпревар и заслужено оди понатаму.
Содржината продолжува под рекламата
Росонерите почнаа одлично, имаа голема шанса преку Брахим Дијаз да го отворат резултатот но не успеаа. Во финишот од првиот дел се обиде и Леао но не успеа. За Интер во тој период шанса имаше Џеко, ударот го одбрани Мењон.
Во вториот дел Милан ништо не направи, Интер имаше апсолутна контрола на играта. Во 74. минута Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол на мечот за победа на Интер од 1-0.
Интер оди во финалето во Истанбул, таму за противник ќе има некој од денешниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Можеби ќе ве интересира: