Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Содржината продолжува под рекламата
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Содржината продолжува под рекламата
Од почетокот на минатиот месец патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
Од почетокот на мај, поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај. Истото важи и за автопатот А2, делница Скопје -Тетово каде што се поставува заштитна звучна ограда. На трасата на која се изведуваат градежните работи има времен режим на сообраќај.
Се работи и на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.
Можеби ќе ве интересира: