Реклама

Промовирана книгата со раскази „Нишки до срцата“ од Наташа Брезовска – Богоевска

Најубавите приказни доаѓаат од животот, бидејќи животот има многу што да каже. Секаде околу нас, во нашето соседство, нашата улица, нашето старо училиште, зад најблискиот агол, па и овде во оваа просторија се крие некоја приказна. Таа тлее се додека авторското перо не ја напише и оживее межу редовите на некоја следна книга. Авторите се токму тоа набљудувачи, раскажувачи, оживувачи на некоја приказна, на која и даваат бесмртност, безвременост. Во оној момент кога таа приказна ќе биде прочитана од вас читателите, тогаш се создава онаа нишка која ве поврзува вас, читателите, ликовите и самиот писател. Нишката која ве води на патување низ пишаните редови до самата порака која писателот ја испраќа.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше промовирана четвртата книга раскази за возрасни на авторката Наташа Брезовска – Богоевска, „Нишки до срцата“, во издание на издавачаката куќа „Бата Прес“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Јас меѓу првите го прочитав ракописот на почитуваната драга колешка Наташа, и бев воодушевена од нејзиното дело, така што многу брз и многу лесно ја напишав рецензијата. Мојата драга колешка Наташа напишала 29 раскази кои што се многу емотивни, би нашле пат кон срцата на сите читатели, кои што вдишуваат човечки пораки, назад кон природата, сакај го ближниот свој, семејството е света работа и така натаму. Овие раскази зборуваат за едни обични ликови, ликови од секојдневието, меѓутоа зборуваат и за настани кои што навидум се многу обични, но се полни со емоции, човечки трауми, а таа го покажува и патот како да се излезе од сите тие трауми, како со текот на времето човек со многу трпение и љубов кон семејството спознава за вистинските вредности, и на тој начин стануваме поголеми луѓе, стануваме луѓе со поголемо срце“ изјави промоторот на книгата Снежана Петрова Џамбазова.

„Сите ние ја живееме нашата приказна со своите подеми и падови. Такви приказни се напишани во книгата „Нишки до срцата“. Животни приказни без разубавување. Со сите таги и радости што ги носи животот. Впрочем такви се и ликовите, луѓе од нашето секојдневие. Луѓе кои што се неидеализирани. Насликани се со нивните доблести, и со нивните недостатоци. Дел од нив имаат прототипови од реалниот живот, додека дел се поттикнати од некој вистински луѓе, па така наликуваат од моето па и вашето секојдневие. Читајќи ги расказите, за момент ќе ги препознаете вашиот родител, вашиот сосед, пријател, бидејќи сите тие постапки кои ги прават ликовите, ги правиме ние во реалниот живот“ изјави авторот на книгата Наташа Брезовска – Богоевска.

Водител на настанот беше Магдалена Бобевска, свој музички перформанс настап имаа Ангел Богоевски и Михаил Петковски, како и Сара Лазарова од Балетското студио „Анабела“. Извадоци од книгата читаа Лиле Петрова и Марија Богоевска.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38664/spasik-za-studio-10-kajakarstvoto-e-tradiczija-vo-veles-ushte-od-gemidhiite/