Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча побара од Косово и Србија да преземат „целосна одговорност“ за настаните што се случија на 29 мај на северот на Косово и „да не се кријат зад лажните наративи“.
Ристуча, исто така, побара од двете страни да спречат „секаква понатамошна ескалација“ на ситуацијата.
Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, соопшти дека при интервенцијата во Звечан во понеделникот биле повредени 30 војници од оваа мисија: 19 од унгарскиот и 11 од италијанскиот контингент.
Тие се здобија со повеќе повреди, вклучително и скршеници и изгореници од импровизирани експлозивни и запаливи направи“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира: