И покрај тешката финансиска состојба Боречкиот клуб Борец е активен со учество на турнири. Денес тие ќе земат учество на 23. Меморијален меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак, кој се одржува во Кочани.
Содржината продолжува под рекламата
Право на настап на турнирот имаат момчиња родени 2009 – 2012 и девојчиња , родени 2010 – 2012. Бидејки турнирот е од меѓународен карактер, освен од Македонија ќе настапат и борачи и екипи од Србија, Грција, Косово и Бугарија.
Содржината продолжува под рекламата
Нови предизвици за борачите на Борец ги очекува во утрешниот ден на Државното првенство за младинци кое се одржува во Радовиш. Од клубот се надеваат на добри борби и резултати.
Можеби ќе ве интересира: