(ФОТО) Кајакари на ККК Арка Борец од Велес на Светско Првенство во кајак-спуст

kajak-klub-arka-matka-1
kajak-klub-arka-matka-1

По одличните резултати на Европското првенство во кајак-спуст кое се одржа на Матка, за македонските кајакари слеуваат нови предизвици. Македонската сениорска репрезентација во кајак-спуст во состав на Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов, сите членови на ККК Арка Борец од Велес, следниот викенд ќе настапи на Светското првенство во Р. Германија во градот Аугсбург на олимписката патеката од летни олимписки игри во 1972 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Македонската федерација очекува од репрезентативците да го продолжат низот на успеси кои ги постигнаа оваа година. Од успесите би ги споменале пласманите во генерален пласман на европската ранг листа за 2023 во сениорска и јуниорска категорија во кои првите две позиции ги држат истиве македонски кајакари.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како и успешните настапи на Европското Првенство во индивидуалните и тимски настапи со пласман во финалето на Александар Златаров, осмата позиција во тимското возење и две втори места на Љубомир Спасиќ во категорија 35+.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: