Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12.882 бракa, што е за 2.4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1.851 или 14.4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5.9 %.
Содржината продолжува под рекламата
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.7 % за жените и 93.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.3% и трет брак со учество 0.5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Содржината продолжува под рекламата
Во 2022 година, најголем број бракови 4.263 или 33.1% кај жените и 4.721 брак или 36.6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучување на прв брак е 27.4 години за невестата и 29.9 години за младоженецот.
Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17.9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1.613 разведени брака. Најмалку бракови, 38 или 2.4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12.1 % во месец март.
Според возраста, најголем број на разводи 298 или 18.5 % кај жените и 281 развод или 17.4% кај мажите се случиле во истата старосната група од 30-34 години. Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22.3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.
Можеби ќе ве интересира: