Синоќа во 21.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(18) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден од патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки одзел повеќе предмети, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициската станица во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: