Маж по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години
Судот го осуди 65-годишниот маж на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж во јуни 1999 година.
Швајцарските медиуми потсетуваат дека група од четворица мажи кобната вечер упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на парот и нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на парот во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.
Кога двајцата постари синови на двојката ненадејно се вратиле дома, напаѓачите испукале најмалку четири куршуми, при што едниот брат го убиле, а другиот тешко го раниле. Напаѓачите потоа побегнале.
Единствената ДНК трага водела до осудениот. Инспекторите за осомничениот дознале случајно дури во 2015 година кога пријавил упад во неговиот киоск во Берн. Неговата ДНК-трага потоа се совпаѓа со ДНК пронај
дена на местото на злосторството во Бил.
Бруталното злосторство ја потресе цела Швајцарија и со години се сметаше за нерешен криминален случај.
Осомничениот од самиот почеток негира вмешаност во грабежот, а неговиот бранител побара ослободителна пресуда тврдејќи дека ДНК-анализата е сомнителна. Но, Јавното обвинителство смета дека е докажана вмешаноста на мажот во грабежот и побара затворска казна од 18 години.
Заднината на грабежот останува нејасна.
Во текот на истрагата полицијата добила информации дека кривичното дело може да се заснова на нелегална трговија со оружје меѓу двајца синови на семејството и поранешни активисти на Ослободителната војска на Косово.
Можеби ќе ве интересира:
Велешката полицијата уапси кочанчанец за кого била издадена потерница – BATALI.net