Денеска (09.06.2023) во 08.40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.П.П.(47) од Неготино, изгубило контрола и се превртело.
Содржината продолжува под рекламата
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.П.П. и била пренесена во Општа болница Кавадарци, каде што околу 10.00 часот починала.
Содржината продолжува под рекламата
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.
Можеби ќе ве интересира: