Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше промовирана книгата „Сексуална азбука“ од авторката Татјана Алексиќ, во издание на Ад Вербум.
Содржината продолжува под рекламата
Во книгата „Сексуална азбука“, која всушност е буквар за сексуалната терминологија, ќе прочитате текстови чија тематска рамка се љубовта, сексот и сексуалноста, како и објаснување на поими од областа на сексуалната терминологија од А до Ш.
Содржината продолжува под рекламата
„На шега дојдовме до оваа книга. Објавувавме колумни, кои потоа ги преточивме во книга. Немам порив да напишам книга – белетристика, но овде се работи за лексикон, азбучник на сексуални термини, на шеговит начин. Има интересни урбани ликови кои даваа изјави за одредени букви“ вели професорката Татјана Алексиќ.
Во текстуалните објави ќе препознавате интелектуална борба против предрасуди, која и во 21 век е борба со диносауруси; императиви за здрав сексуален живот што е повеќе од половина здравје; култ кон интимноста како светиња; разбивање на митови во врска со сексуалноста многу често штетни за севкупното психофизичко здравје и можност за вистински информации во вистинско време, базирани на стручна литература и белетристика.
Можеби ќе ве интересира: