Крвава драма со фатални последици се случила вчера во селото Подлес. Едно лице го загуби животот а едно лице е тешко повредено по пукањето што се случило во селото.
Содржината продолжува под рекламата
Според непотврдени извори, кавгата настанала за приклучок за вода, по што убиецот испукал повеќе куршуми и повредил едно лице, додека за другото лице фатални биле повредите од куршумите.
Содржината продолжува под рекламата
Истражна полициска екипа и јавен обвинител прават увид, а подетални информации се очекуваат во текот на денот.
Можеби ќе ве интересира: