(ВИДЕО) Анѓушев прв ќе воведе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори

kocho-angjushev-biogasna-elektrana-bioenterprise

Фирмата Цетрал Инвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW (мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата.  

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи извори, пред се од сончеви (фотонапонски) електрани. Складирањето на вишоците ќе го спречи тоа што сега случува-да има преголемо производство на електрична енергија која не може да се потроши во моментот кога се произведува. Батериите ќе овозможат струјата која преку ден е вишок, да може да се користи тогаш кога ќе биде потребна. 

Инаку, компаниите на Анѓушев, кои меѓу другото поседуваат хидроелектрани, фотонапонски и био гасни електрани, лани остварија раст на приходите од 135%. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: