Пороен дожд и големо неверме го погоди Велес вчера попладневните при што за околу час и половина беа поплавени скори сите главни улици во градот. Ваков дожд се нема одамна случено во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Најлошо помина населбата Превалец каде поројот поплави дел од куќите. Од фотографиите и видеата кои ни ги испратија наши читатели се гледа дека подрумите на дел од куќите се поплавени а улиците се полни со шут.
Содржината продолжува под рекламата
Од УХМР најавија дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи, и во наредните денови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Можеби ќе ве интересира: