Во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, денеска беа одбележани 80 години од стрелањето на 12 младинци за време на Втората светска војна. На настанот беа откриени 12-те бисти на младинците и се отвори Спомен соба за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.
Содржината продолжува под рекламата
На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој рече дека денес е гордост да се биде дел од Кавадарци и со повеќе сограѓани и политички партии заедно да се одбележи 80-годишнината од стрелањето на 12 младинци.
Содржината продолжува под рекламата
На местото денеска беа претставници и на власта и на опозицијата кои порачаа дека овој грозоморен чин од бугарскиот фашистички окупатор не смее да се повтори ниту да се заборави.
Можеби ќе ве интересира: