Реклама

МЗШВ: Аплицирајте за субвенции по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија

polinja

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања од програмата за 2023 година, по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Како корисници на овие субвенции се јавуваат земјоделски стопанства кои во произведната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), како и површини засеани или одржувани со луцерка, лековити, ароматични и зачински растенија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Минималната засеана површина збирно за сите култури која земјоделските стопанства треба да ја имаат е 0,5 ха во произведната 2022/2023 година. Висината на директните плаќања кај оваа мерка за сите наведени култури изнасува 6.000 денари по хектар.

Земјоделските стопанства кои во произведната 2022/2023 имаат заесани и оженани површини од листата на знајачни култури пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка и притоа имаат употребено сертифициаран семенски материјал остваруваат право на дополнителна субвенциија. Право на дополнителни субвенции имаат и стопанствата кој имаат засеани површини под ориз без употреба на сетрифициран семенски материјал.

Висината на дополнителната субвенција за пченица, јачмен и пченка изнесува 7.000 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар, со исклучок на производството за био маса наменето за гасни биоцентарали каде дополнителна поддршка не се плаќа.

Кај сончогледот и маслодајната репка висината на дополнителните плаќања изнесува 4.500 денари по хектар со употреба на сертифииран семенски материјал. Додека пак за оризот висината на дополнителните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал.

Крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјдоелците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или преку електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39137/krivichna-za-chuvar-vo-idrizovo-koj-mu-otvoril-vrata-na-zatvorenik-za-da-izbega/