Ракометниот голман, велешанецот Виктор Гигов, кој со години „жари и пали“ по странство, ја продолжи соработката со грчки ПАОК. Македонскиот голман и раководството на тимот од Солун се договорија на нова едногодишна соработка.
Содржината продолжува под рекламата
Ова ќе му биде четврта сезона во ПАОК откако пристигна во сезона 2020/21 и покажа одлични партии во грчкиот шампионат. Со клубот на домашна сцена го освои трето место во регуларниот дел, а во полуфиналето од плеј офот ПАОК беше елимениран од Олимпијакос.
Содржината продолжува под рекламата
Гигов e дете на Борец, а во Македонија играше уште за Младост Богданци, Југ Куманово. Има големо интернационално искуство играјќи за хрватската Цриквеница, Короса од Јужна Кореја, исландскиот ИБВ, грчкиот Аполон Каламарија како и турските Мерсин, Кајсери и Селка.
Можеби ќе ве интересира: