Убедлива победа на Мицотакис на изборите во соседна Грција

Micotakis glasa
Micotakis glasa

Киријакос Мицотакис, лидерот на Нова демократија, по победата на партијата во вчерашниот втор круг од парламентарните избори изјави дека е задоволен од „одреденото мнозинство“ што го освои и вети дека ќе ги продолжи клучните реформи со забрзано темпо.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Ќе останам верен на мојата национална должност и нема да толерирам ароганција или вообразено однесување“, рече тој, според Катимерини.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Мицотакис истакна дека гласачите ги отфрлаат „лагите и токсичната атмосфера што го подели општеството“ и вети дека ќе биде премиер на „сите Грци“.

Неговиот главен противник, 48-годишниот Алексис Ципрас од Сириза, кој беше премиер од 2015 до 2019, по катастрофалниот пораз сега треба да се бори за својот политички опстанок. Тој не успеа да ја консолидира својата гласачка база, разединета од партии кои ги формираа некои од неговите поранешни политички соработници.

Севкупно, осум партии го поминаа изборниот праг од 3 отсто за влез во Парламентот. Од бројот на партии кои ќе влезат во Парламентот зависи колку бонус пратенички места ќе добие победникот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: