Реклама

Топлотен бран во Шпанија, во Мадрид измерени 45 степени

Madrid Spanija

Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои надминаа 40 степени Целзиусови. Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија. Тимовите за цивилна заштита во регионот на Андалузија на југот на земјата, каде температурите исто така достигнуваат до 44 степени, се во состојба на готовност.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Вчера највисока дневна температура од 43,8 степени Целзиусови беше измерена во Ел Гранада, област во провинцијата Хуелва во Андалузија. Шпанија, која лани ја доживеа најтополата година во историјата, би можела да стане една од земјите на Европската Унија кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени, предупредуваат експертите.

Можеби ќе ве интересира: