„На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Р.Унгарија.
Содржината продолжува под рекламата
„На местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Р.Унгарија, констатирани во Општата болница Велес“, информираа од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: