Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека дневна евтина тарифа ќе стартува од 1 декември годинава. Електродистрибуција има рок од четири месеци да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.
Содржината продолжува под рекламата
„Евтината дневна тарифа ќе им биде достапна на сите домаќинства од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот. Водејќи се од принципот на заштита на потрошувачите, а согласно направените анализи кои укажуваат дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија, ја задолживме Електродистрибуција во овој рок да ги усогласи сите броила. Четири месеци се доволни за да се направат сите технички усогласувања со системот за пресметка и фактурирање и соодветниот софтвер“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Содржината продолжува под рекламата
Ќе има промени во цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули до 31 декември годинава. За првите два блока таа ќе биде пониска, а за повисоките два блока ќе се зголеми.
„Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26%, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките“, рече Бислимоски.
Овие цени се без пресметан ДДВ, објасни претседателот на РКЕ. „Во апсолутен износ ДДВ-то ќе значи зголемување на цената на струјата е 7,4%“, рече тој. Поради зголеменото ДДВ вкупниот трошок е зголемен за 2,5%.
Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога цената на струјата се зголеми за 9,48 отсто. Изминатата година граѓаните можеа да користат поевтина струја само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.
Можеби ќе ве интересира: