Отворање на Европска куќа во Велес

dejvid gir
dejvid gir

Шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Велес Марко Колев денеска официјално ќе ја отворат новата Европска куќа во Велес.   

Zito akcija 640x289px

Европска куќа Велес, како што информираат од Делегацијата на ЕУ, е петтиот центар во рамки на мрежата, наменет како простор за размена на идеи, иницијативи, активизам и култура на младите од Велес и Повардарието.

Agria

Програмата на отворањето опфаќа активности во текот на целиот ден, почнувајќи од дебати и вмрежување до изложби и диџеј сетови, а вечерта ќе се одржи концерт на отворено во Младинскиот парк.

Европска куќа Велес ќе се приклучи на мрежата на канцеларии што Делегацијата на Европската Унија ги отвора низ целата земја од 2019 година. Во моментов работат четири канцеларии и тоа во Скопје, Крива Паланка, Струмица и во Битола.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: