Реклама

,,Мала Америка” во Кавадарци, инвестиција од 30 милиони евра

Стартуваше ,,Мала Америка” во Кавадарци, денеска беше ставен камен темелник за мол и три станбени згради, инвестиција од 30 милиони евра, на кавадарчанецот Трајче Ристовски – Зуко, кој со своето семејство живее и работи во Америка повеќе од 20 години.

Zito akcija 640x289px

– На атрактивна површина од околу 12.000 м2 во Општина Кавадарци започнува изградба на современ станбено-деловен комплекс LA Shopping and living со вкупна површина од околу 65.000 м2. Комплексот кој располага со три станбени објекти и еден деловно-трговски објект има идеја да го генерира новото урбано живеење во градот и пошироко, да привлече туристи и да ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво, беше кажано на свеченоста по повод започнувањето на инвестицијата, со тенденција да обезбеди високи стандарди на живеење во Општина Кавадарци, но и еден модерен, динамичен и светски стандард на живот.

Agria

Инвеститор на овој проект е фирмата ,,Тиквеш инвест” Кавадарци. Проектант е фирмата ,,К2 Архитекти” Скопје, а изведувач на работите е кавадаречката фирма ,,Градба промет”.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека ова дополнително допринесува за развојот на Кавадарци, кој, како што нагласи, е особено изразен во последните неколку години. Тој додаде дека невработеноста е само два процента и со инвестициите се создава перспектива за младите.

– Ако до пред седум години Кавадарци не го даваа ни на временска прогноза, сега има информација за Кавадарци и на Си – Ен – Ен. Тоа е успех за сите, рече Јанчев, нагласувајќи дека оваа инвестиција значи многу за Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39340/foto-odlichen-nastap-na-veleshkite-kajakari-na-svetskoto-prvenstvo-vo-rafting-vo-italija/