Утрово е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец. Тој е повреден и веднаш е пренесен во болница, а полицијата е на терен. Од МВР потврдуваат.
„Пријавено е дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ. К. (57) пред неговиот дом. Пренесен бил во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, познат како внук на политичарот Љубе Бошковски, нудеше парична награда за негово пронаоѓање. „Макфакс“ се обиде да стапи во контакт со Костадиновски, но тој не одговори на повиците.
За исчезнувањето на Самоил пријавил неговиот 32-годишен брат во осум часот наутро на 4 март по што од МВР биле преземени соодветни мерки за негово пронаоѓање. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче, кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Она што е досега познато, како што посочи министерот, е дека се уапсени две лица во однос на овој предмет и дека е поднесена кривична пријава за грабнување.
Можеби ќе ве интересира: