Реклама

ОЈО Велес води постапка против дилер на дрога

Osnoven sud Veles

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Во близина на неговиот дом, но и во шкаф на работното место во една фабрика, осомничениот држел вкупно 444,4 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во неколку пакувања, како и помало количество амфетамин. Полицијата при претресот одзела и една дигитала вага од осомничениот.

Agria

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека има реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да влијае врз сведоците во постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39595/foto-i-video-veleshaneczot-spasik-so-prvo-mesto-vo-sprint-vo-mastersi-i-vtor-vo-seniori-vo-cheshka/