Фероинвест: Нашите компании се мета на медуимски атак

Feroinvest zgrada
Feroinvest zgrada

Компанијата Фероинвест тврди дека е мета на медиумски атак. Во соопштението кое го испратија до медиумите, од Фероинвест тврдат дека при секој сличен атак, добивале понуди за купување на удели. Во продолжение го објавуваме соопштението на Фероинвест во целост:

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Порталот ИРЛ најави нова емисија за нашата компанија БРАКО и за модуларните болници кои БРАКО ги изгради во најголемата здравствена криза за прием на инфицирани лица за кои државата немаше простор, за што сите домашни и странски надлежни институции утврдија дека нема никаков пропуст.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По случајот на клевета во телевизиска емисија во која ИРЛ не ја бараше страната на проф. д-р Кочо Анѓушев, во која изнесоа лаги и клевети, и за која е во тек судски процес против ИРЛ, наведениот субјект сега побарува интервју за нова емисија, на кое барање е одговорено негативно, поради, за нас сомнителни побуди, кои е можно да стојат зад овие активности.

Имено, после секоја од серијата нивни крајно невистинити, тенденциозни и манипулативни емисии и написи за компаниите на Кочо Анѓушев, кон холдингот пристапуваат т.н.добронамерни помагатели и фирми од соодветните области од кои била емисијата, кои нудат да откупат удели и да обезбедат поголема заштита за компанијата. 

На истите од наша страна им се пружа одговор дека компанијата не е на продажба и немаме потреба да прифаќаме и плаќаме за било каков вид на помош.

По повеќето такви случаи настанати во текот на изминатата година, иако не сакаме, сепак се наметнува неопходност јавно да го поставиме прашањето пред целата македонска јавност: зошто постојано се на мета само компании во сопственост на македонски бизнисмени? Дали пораката е дека македонскиот ментален склоп е криминоген? Која е целта на поставувањето камери и новинари околу зградата на ФЕРОИНВЕСТ, кои ги демнат вработените и нашите деловни партнери? Зошто се напаѓаат фирми кои вработуваат илјадници луѓе, кои работат според законите и кои плаќаат даноци на оваа држава, а никој не се занимава со богатствата за кои нема доказ за потекло на имот, ниту даночна пријава? Дали ние треба да бидеме купени од некој друг?  

Ние го поддржуваме истражувачкото новинарство, но тоа кое дава вредност во општеството, а не тоа кое се служи со инсинуации, фабрикувани информации и манипулации, вклучително и прикажувањето на нивните автори во улога на лажни жртви, додека вистински се жртвите на нивните напади- фирмите и луѓето кои работат во нив.

Ги повикуваме финансиерите на овој портал, кои порталот ги прикажува како свои поддржувачи, да проценат дали вреди да ги поддржуваат овие појави, од кои се дистанцира професионалната медиумска фела, и дали стојат зад нивните текстови и зад атаците кон македонскиот бизнис и бизнис личности“, стои во соопштението од Фероинвест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: