Реклама

Тамара Волческа го промовираше своето „Место од спомени“

Tamara Volceska

На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прва песна на македонски јазик и се запишува како автор на истата. “Место од спомени” нѝ ја претстави како времеплов на сеќавањата од минатото, копнеж и недостиг кон нашите корени, места каде што сме пораснале и луѓе кои веќе не се покрај нас.

Zito akcija 640x289px

Како автор на текстот, Волческа праќа порака да бидеме благодарни за она што го имаме денес и со радост да се сеќаваме на она што поминало. Место од спомени може да биде човек, чувство, клупа, дрво, баба, дедо и сѐ она што нѝ буди топлина и љубов.

Agria

„Целта беше да ја претставиме песната и текстот на едноставен начин, со детски џагор, детски насмевки и хоризонтала на повеќе генерации, малечко бебе, среќно семејство, бабичка со своите внуци и повторно истата приказна во денешно време каде се рецитираат длабоки стихови за недостиг: “некој се сеќава, на некој недостасува, некој копнее по нечија прегратка, нечија насмевка, која веќе ја нема, за она место, кога бевме деца”. Место од спомени” ја напишав за прекратко време, за само 10тина минути, додека Весна спонтано свиреше на клавир и ме водеше низ атмосферата за креирање. Оваа песна ја пријавивме за Макфест 2023, но за жал бевме одбиени. Се надевам дека “Место од спомени” ќе допре до сите и ќе биде пренесувана од генерација на генерација бидејќи имам чувство дека сепак постои надеж да ги зачуваме вистинските вредности на нашата музика и покрај новите трендови“, рече Волческа.

Автор на музика е Весна Малинова, а аранжманот го направи Дарко Тасев. Позади видео записот стои Петар Тутунџиев.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39680/pronajdena-15-godishnata-ana-marija-koja-beshe-prijavena-za-ischeznata/