Времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=10
Под влијание на топол бран и во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.
Особено топло ќе биде во целава земја, а утре во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Moжеби ќе ве интересира: