Реклама

Почина родилката која скокна од прозорец на Гинекологија

ginekolosko-akuserska klinika

Почина 39-годишната родилка која пред 12 дена скокна низ прозорец од првиот спрат на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Zito akcija 640x289px

Родилката починала синоќа околу 21 часот на Клиниката КАРИЛ.

Agria

39-годишна жена беше донесена на ГАК во 36 недела од бременоста. По породувањето со царски рез, мајката и бебето биле во добра здравствена состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

Пациентката која се породи на 28 јуни, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш била видена од психолог и не било нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид.

Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден бил креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред исписот од Клиниката.

Според ГАК таа имала само знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатираше пропуст што на 39-годишната жена докрај не и’ била обезбедена психолошка поддршка пред да скокне од прозорецот на Гинекологија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39733/majka-na-svoite-decza-im-gi-vrzuvala-raczete-i-nozete-i-taka-gi-ostavala-vo-krevetche-obvinete-e-za-dve-krivichni-dela/