(ФОТО) „Брако“ гради нов хала за производство на 4400м2 со инвестиција од 2,5 милиони евра

nova-hala-brako-8
nova-hala-brako-8

БРАКО го шири производството и гради нови погони со цел да одговори на зголемената побарувачка од светот пред се за возилата за чистење. Новата хала се простира на површина од над 4400 метри квадратни, а со неа дополнително ќе се подобрат условите за работа и ќе се овозможи проширување на производството, како одговор на зголемената побарувачка, пред се на современите машини за чистење во урбани средини од линијата „Грин Машинс“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Вања Андонова, главен инженер-архитект во БРАКО, вели дека халата, вредна 2,5 милиони евра, брзо напредува и дека БРАКО сам ја произведува конструкцијата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

“Во новата современа хала ќе биде поставена новата производствена линија за електричните и водородни возила од Грин Машинс, ќе се инсталираат нови ЦНЦ плазма машини за обработка на метал, со што значително ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на производството, а во склоп на објектот ќе функционира и современ фабрички ресторан, со една реченица значително ќе се зголемат капацитетите за производство“, вели инженер-архитект Вања Андонова.

БРАКO продолжува да ја одржува конкурентската предност на пазарот, со континурано инвестирање во современа технологија и изградба на нови инфраструктурни капацитети.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: