Денес во Ликовниот салон во Велес со почеток во 19:00 часот ќе се одржи концерт на Вероника Караколева – сопран, и пијанист – Проф. м-р Дилек Реџеп. Во реперторот ќе им дела од В. А Моцарт, П. Хадџиев, Ф.Шопен, Џ. Пучини, Џ. Верди и J. Гершвин.
Содржината продолжува под рекламата
Вероника Караколева е родена 2000 година во Велес. Уште од мали нозе кај нејзе се појавува огромна љубов кон музиката, така што на шест годишна возраст , станува ученичка во Музичкото училиште “Киро Димов”, денешно ООМУ “Стефан Гајдов”. Тука започнува да го изучува инструментот виолина. После завршувањето на основното училиште, во 2015 година , го продолжува музичкото образование во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” – Скопје, во одсек- музичар теоретичар , со изборен предмет- соло пеење, во класата на Проф. Светлана Донковска.
Содржината продолжува под рекламата
Дилек Реџеп е родена во Скопје во музичко семејство со Турско –Монголско потекло во Македонија. Започнува со пианото од мала возраст, од 7 години и го покажува музичкиот талент заедно со талентот за останатите природни науки и математика. Музичкото образование го стекнува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј кај професорката Нина Среброва основно и средно, а на студии започнува кај Проф. Јасминка Чакар и дипломира кај Проф. М-р Евушка Трпкова Елезович на Факултетот за музичка уметност. Посдипломски студии за пијанист завршува кај Проф. М-р Зоран Пехчевски исто така на ФМУ во Скопје. Има учество на многу семинари и концерти низ школувањето на еминентни пијанисти меѓу кои на Икук Ендо од Токио Јапонија, ВладимирТимакин Русуја , Никита Магалоф Русија , Данг Таи Шон од Виетнам и други.
Можеби ќе ве интересира: