Оперската певица Вероника Караколева во Ликовниот салон во Велес синоќа одржа концерт пред своите сограѓани и беше наградена со долги и силни аплаузи.
Публиката имаше убава можност да ужива во највисоките звуци од сопран на Вероника, додека на пијано како и на изминатите концерти повторно ја придружуваше пијанистката проф. м-р Дилек Реџеп.
Таа пееше по дела од Моцарт, Хадџиев, Шопен, Маскањи, Пучини, Верди и Гершвин, а во програмата беше застапен и џезот со оперско пеење.
Во информацијата за МИА, по концертот Вероника Караколева со широка насмевка по напорниот концерт на високи температури потенцира дека е задоволна од својот настап и по реакциите од публиката.
„Јас како уметник и перфекционист каква што сум, задоволна сум од концертот иако секогаш може и повеќе.На концертот пеев по дела од класиката затоа што тоа студирав .Потоа моете пеење го соединив со џезот па се’ до популарни композициите кои и публиката ги знае па и самата ги потпевнува“,појасни Караколева.
Таа изминатата година дипломира на Академијата во Софија.
„Мојот напредок во пеењето од концертот во концерт е резултат на мојата макотрпна работа и жртва.Само 1 процент е талентит, а 99 посто е работа“,потенцира Караколева.
Информира дека летово имеше турнеја со концерти низ македонските градови,а овој во родниот Велес и е последен од таа турнеја.Воедно настапувала и настапува и во странство, најчество во Р.Бугарија.
Таа ни најави дека на 7 и 8 септември ќе има концерт во Бугарија заедно со Старо Загорскиот оркестар.
„Во септември ме очекува и концерт во Рим, Италија а на овие концерти ќе настапам со пијанистката Дилек Реџеп“,информира Вероника.
Воедно потенцира дека за секој концерт има различен репертоар,во зависност од публиката и со кого настапува,.дали со пијанист или со оркестар.
На прашање на МИА на која оперска сцена Вероника Караколева како постојано вработена се гледа за некоја година.
„Како секој млад уметник имам многу големи желби.Можам да издвојам неколку оперски куќи на кои би сакала да работам во иднина: на пример операта во Сиднеј,Метрополитен операта во Њујорк и Ла Скала во Италија. Мојот глас се движи кон Бел Канто пеење најмногу ме влече кон Италија,а и мојот драмскиот сопран ме влече кон Италија. Каде ќе се најде мојата среќа тоа од ден во ден се менува, но сепак натаму ме води мојата цел“, појасни младата велешка и македонска певица во подем Вероника Караколева.
Можеби ќе ве интересира: